Свет

Четири тинејџерки и една млада жена се застрелани во близина на училиште во САД

Четири тинејџерки и една млада жена се застрелани во близина на училиште во САД

Четири тинејџерки и уште една жена биле застрелани во близина на средно училиште во Милвоки.

Полициската станица во Милвоки соопшти дека инцидентот се случил во вторникот вечерта, околу 19:20 часот, на околу еден блок подалеку од средното училиште Руфус Кинг. Полицијата најпрвин пронашла три жртви на возраст од 15, 16 и 17 години, кои веднаш биле пренесени во болница и кои се очекува да ги преживеат здобиените повреди, пишува NBC News.

Потрагата по осомничениот е во тек

Полицајците подоцна забележале уште двајца ранети, 15-годишник и 20-годишник. Двајцата се здобиле со повеќе прострелни рани. И тие се пренесени во болница и се очекува да закрепнат. Полицијата соопшти дека трага по осомничениот.

Неколку часа пред пукањето, вршителот на должноста градоначалник на Милвоки Кавалиер Џонсон ги прогласи 1-7 февруари за Недела на преживеаните по нападот со огнено оружје воведен поради голем број такви инциденти.

Related posts

Leave a Comment