„Тоа не е организација која дава значаен придонес за глобалниот соживот“, рече Олаф Шолц на Генералното собрание на ОН во Њујорк по средбата со Ердоган и призна дека е „многу изнервиран од ваквиот развој на настаните“.
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е „многу иритиран“ од обидот на Турција да се приклучи на централноазиската безбедносна организација во која доминираат Русија и Кина.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата сабота изјави дека сака Турција, членка на НАТО, да стане членка на Шангајската организација за соработка (ШСО), според извештајот на Ројтерс.