Тенис

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм во Австралија

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска изјави дека се надева дека ќе игра на Австралија опен следната година и потврди дека до крајот на сезоната ќе игра на Мастерсот во Париз и на завршниот Мастерс во Торино.

 

„Во моментов не е во мои раце, но се надевам дека ќе добијам позитивни вести бидејќи сакам да одам во Австралија да играм. Одам на последните два турнири за мене оваа сезона – Париз, кој е следната недела и Торино , завршниот мастерс. А потоа пауза, па почнува новата сезона, се надевам во јануари“, рече Ѓоковиќ денеска на Саемот за образование во рамки на 65. Меѓународен саем на книгата во Белград, каде се појави пред својата фондација „Новак Ѓоковиќ“.

Ѓоковиќ на медиумите им откри што сака да чита додека патува.

„Навистина ми се допаѓа литературата на руските писатели поврзана со здравјето главно, бидејќи таа област навистина ме привлекува. Здравје, медицина, алтернативни природни начини на лекување, па тоа е нешто што моментално го читам. Сакам да го читам и Јован Деретиќ, кој пишува за нашата стара историја, тоа е нешто што секогаш е во моите куфери“, изјави моментално седмиот тенисер на планетата и освојувач на 21 Грен слем титула.

 

 

Related posts

Leave a Comment