БЕЗОЧНОСТ. Пред петнаесетина години, на „Зелено пазарче“, купував празни CD-а. Продавачот ми рече дека ако купам повеќе, ќе сум имал попуст. За 10 купени CD-а цената, по парче, би била пониска за 2 денари. Или, за 10 CD-а вкупниот попуст би бил (нагласи) ц е л и 20 (дваесет!) денари. Му реков дека тоа не е особено висока сума. Ме погледна, додавајќи: „Господине, тоа е цел леб.“ Немаше потреба од додатни објаснувања. Го сватив.
Денес, некои надуени персони, на безочен начин лицитираат дали 80.000 или 157.000 евра, земени само како бонус, претставуваат висок износ. Изгледа дека нечие безобразие нема крај, бидејќи овие персони не го живеат стварниот, вистинскиот животот. Тие, во соспствената заборавност, како да живеат во Епикуровите меѓусветови (метакосмии/интермундии) во кои претстојуваат боговите, водејќи бегрижен, весел живот, доволни самите на себе. П.С. Дали јадат и грицки, не е утврдено.
1 comment
Е профо, убо збориш, само уште да има некој да разбере!