ЖИГОСУВАЊЕ. Порано, меѓуттоа и сега, постои убав, што би се рекло елегантен начин како да се жигоса и подели стоката.
Седнуваат ранчерите на своите расни коњи, ги јаваат во трк и ја гонат стоката. Стоката, како и секоја стока, бега. Не сака да биде жигосана. Меѓутоа, коњите се побрзи. Ранчерите ги фрлаат јажињата врз стоката, ја сплеткуваат и таа немоќно паѓа.
Легната врз прашливата земја, ранчерите, со вжештени железа во рацете, ја жигосуваат, за да се знае која е која – која е жигосана, а која не е.
Денес и луѓето ја имаат привилегијата да бидат жигосувани. Меѓутоа, наместо со вжештено железо, тие се жигосуваат со вакцинирање. Потоа, се делат на вакцинирани/жигосани и невакцинирани/нежигосани.
Наедно, им се дава можност да избираат. Ако не сакаат доброволно да се жигосат/вакцинираат, тогаш ќе мора и врз нив да се примени присила. Присилата може да биде во различни форми, во зависност од стопанот. Само така, и никако поинаку, се проширува човековата слобода, како и правото слободно да се одлучува за свое тело.
П.С. Во меѓувреме, Филипче сѐ уште не соопштил колку од пријавените 1.800 деца за вакцинирање, се вакцинирани, а колку не се. Време е да го соопшти резултатот од акцијата, која самиот ја најави.
Љубомир Цуцуловски