На 2.12.1851 година Луј Бонапарта, познат и како Наполеон III (внук на Наполеон од неговиот помлад брат) извршил државен удар/coup d’état во Франција.
Самиот си се прогласил за цар на Франција, суспендирајќи ги сите државни функции, кои биле надвор од неговиот домен. Самиот одлучувал што е законски, што не е. Самиот носел закони и одлуки и самиот ги укинувал. Владеел апсолутистички. Во самата пракса го укинал Законодавното собрание, на кое му било забрането да донесува какви било закони. Единствено му било дозволено со одобрување (симпатија) да гледа на законите што Владата, т.е. самиот Тој ги носел. Можел (според своја волја) да распишува избори, да ја свикува или прекинува работата на Собранието… Анализирајќи го пучот што Луј Понапарта го извршил, Маркс го напишал својот познат текст „Осумнаести бример на Луј Бонапарта.“ Приложувам краток извадок од текстот. Притоа, додека го читате, доволно е таму каде што пишува „Франција“ да извршите мала измена. Наместо Франција да ставите Македонија и ќе добиете интересна слика за тоа што секојдневно ни се случува во Македонија.
„Тој (Луј Бонапарта, заб. Љ.Ц.) би сакал да ја украде цела Франција за да ја подари на Франција. Или, подобро речено, да може Франција повторно да ја купи со помош на парите на Франција…. Така, сите државни институции, Сенатот, Државниот совет, Законодавното тело, Легијата на честа, војничките медаљи, перилниците, железницата, Генералниот штаб на Националната гарда… стануваат предмет на купување. Предмет на купување станува секоја позиција во војската… Меѓутоа, најважното во тој процес, во кој од Франција се одзема за да би ѝ се дало, се процентите од прометот, кои се одвојуваат за владарот…“ (Карл Маркс „Осумнаесети бример на Луј Бонапарта/ Der 18te Brumaire des Louis Napoleon“, 1852)
И во овој текст, како и во некои други, Маркс се повикува на Хегеловата теза дека историјата се повторува двапати – еднаш како трагедија, вторпат како фарса. Во наши, македонски услови, таа би била само „безначајно“ модифицирана – еднаш се јавува како фарса, вторпат како трагедија. Потоа, Македонија продолжува продлабочено да се движи од една од една трагедија, до некоја друга трагедија. Така, со децении.
Љубомир Цуцуловски