ПРЧИЈА
Додека френетично гледаме што се случува отаде носот, непотребно делејќи се на вакви или онакви љубители/филии, заборавивме да водиме сметка што ни се случува под носот.
Значи, во дворот. На ова предупредив во постот „Кон себе“ од 28.02.2022 година, нагласувајќи дека сѐ додека сме свртени „… кон она што и така е надвор од нашата моќ, може сешто да ни се протне – како на внатрешен, национален план, така и на надворешен, меѓудржавен план.“
Дека секојднево нешто ни се случува под носот/дворот е повеќе од сигурно. Во исто време, Стево Пендаровски си го зема правото да определува кон кого – што значи против кого – граѓаните треба да бидат свртени, односно чии љубители/филии би требало да бидат, неводејќи сметка дека Република Македонија сѐ уште не дотерала до автократска монархија, во која граѓаните станале сопственост на монархот/монархијата/државата, па тој да ги определува нивните симпатии, туку дека и понатаму, формално-уставно, Република Македонија е парламентарна демократија, сеедно што одамна Собранието/Парламентот е сведено на арогатното „Ми се може!“ Оттука, клучното прашање е „До кога?“
Љубомир Цуцуловски