Македонија

Љупчо Ристовски Интегра ,уплашен од ,,Руското,, влијание во Македонија,бара спас во ЕУ и НАТО

 

Обидите на Русија да влијае врз земјите на Балканот и дипломатски да го попречи нивниот евроатлантски пат, се засилуваат, заклучува професор Љупчо Ристовски, доктор на политички науки и доктор на теологија, основач на ИНТЕГРА институт за доблесна и вредносна политика. Дел од таа стратегија на Кремљ, наречена „Мека моќ“, вели тој, е и планот за искористување на религијата како дипломатско оружје во придобивање на православните држави и нивно одвраќање од членство во ЕУ и НАТО.

 

За ,,патриотот,, Љупчо Ристовски,претседателот на партијата Интегра и божемен противник на Преспанскиот договор со кој се промени името на државата, под директен притисок на ЕУ и НАТО,Путин и Русија се главната опасност за нашата држава, а не НАТО и ЕУ, кои ја издејствуваа промената на државното име, против која тој наводно жестоко се спротиставува.Како е можно во исто време да бидете противник на промена на името а да лобирате сојуз токму со тие кои му кумуваа знае само Ристовски, кој деновиве дури и бара инсталирање на противракетен систем на НАТО во нашата држава.

Погледнете го видеото од неговото интервју дадено за Слободна Европа од Ноември 2017 година.

 

video
play-rounded-fill

Related posts

Leave a Comment