Британскиот премиер Борис Џонсон испрати барање за одложување на Брегзит, потврди претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Џонсон испратил непотпишано барање за одложување, но во исто време и порака во која се вели дека не сака одложување, пренесува Ројтерс.
Доналд Туск напиша на Твитер дека пристигнало барање за одложување на Брегзит.
The extension request has just arrived. I will now start consulting EU leaders on how to react. #Brexit
— Donald Tusk (@eucopresident) October 19, 2019
„Сега ќе започнам со консултации со водачите на ЕУ за натамошни чекори“, напиша Туск.
Џонсон и Туск предтоа разговарале по телефон.
Ројтерс го цитираше „ Сандеј тајмс“ пишувајќи дека Борис Џонсон прво испратил непотпишано писмо до ЕУ во кое барал одлагање на Брегзит, и веднаш потоа испратил друга порака во која се вели дека не сака одложување.
Џонсон, наводно, испратил три текста: предлог-закон што го принудил да бара одлагање, белешка од државен службеник во која се наведува дека Џонсон бил принуден да побара одлагање, и порака во која се вели дека не сака одложување на Брегзит .