Свет

Авионот со руската делегација кружеше над Женева пред да добие дозвола за слетување

Летови Русија

Авионот со руската делегација и новинарите бил принуден да кружи околу Жeнева околу еден час пред да добие дозвола за слетување, пренесува репортерот на агенцијата РИА Новости.

Како што изјави, стјуардесата им соопштила на сите патници дека авионот е на листата на чекање , па пилотот бил принуден да лета околу Женевското езеро десет пати пред да слета на аеродромот во Женева.

Очигледно, авионот со руската делегација бил принуден да чека бидејќи авионот со американскиот претседател Џозеф Бајден слетал малку порано .

Руската делегација пристигна во Женева за да учествува на самитот на претседателите на Русија и Соединетите држави, Владимир Путин и Џозеф Бајден.

Како што беше претходно најавено, авионот со рускиот претседател Владимир Путин треба да слета на аеродромот во Женева утре, непосредно пред средбата со Бајден.

Related posts

Leave a Comment