Австралискиот кошаркар Ендрју Богут, поранешна ѕвезда на Голден Стејт и бројни НБА тимови, проговори за ситуацијата во која денеска се најде Новак.
Австралиецот, родум од Карловац, не ги поштеди властите во Австралија со својата објава на Твитер.
Двократниот НБА шампион живее во Сиднеј и добро знае во каква ситуација се наоѓаат неговите сограѓани.
– Погледнете ги меѓународните медиуми, сега кога е Ѓоковиќ во прашање. Сега гледате со што си имаме работа и што ни се случува последниве две години. Маска, без маска. Вакцина, антивакцина. PCR тест. Отворени граници и затворени граници, вели Богут и додава:
-Ова е земја полна со глупави политичари кои не можеле да организираат секс во бордел.