Тенис

АВСТРАЛИЈА ОПЕН ПРЕД КОЛАПС ?! На неколку часа пред почетокот не се знаат основните работи, играчите незадоволни!

Можеме да кажеме дека се одбројува до почетокот на Австралија опен, првите натпревари треба да се одиграат утре вечер, но ќе мора да се навикнеме на сите одлуки на организаторите во движење. Ова важи и за најосновните работи, како што е распоредот на натпревари.

На 20 часа пред почетокот на првите натпревари не се знае кој кога ќе игра, а причината е едноставна. Се чека одлуката за Новак Ѓоковиќ, бидејќи е јасно дека неговата депортација би направила сериозни промени во костурот.

Многу играчи и тренери, но и тениски стручњаци или луѓе блиски до „белиоѕ спорт“ посочуваат дека е скандалозно тоа што играчите не го знаат распоредот, а до почетокот на турнирот останува помалку од еден ден.

ФОТО: Австралија опен

Каков ќе биде распоредот најверојатно ќе дознаеме по одлуката на Сојузниот суд кој треба да се произнесе нешто по 05.30 часот.

Related posts

Leave a Comment