Снимката од грозоморниот напад на жена од страна на маж во едно од кафулињата во Сиднеј, деновиве ги згрози Австралијците.
Имено, безбедносната камера сними маж мирно влегувајќи во кафуле, приближувајќи се до масата каде мирно седат три жени, а потоа брутално напаѓа една од нив и ја турка на подот.
Сведоците велат дека 43-годишниот маж, идентификуван од австралиските медиуми како Стипе Лозина, прво ги навредил жените на национална и верска основа, а нападнатата 31-годишна бремена жена по излегување од болницата,изјавила дека Лозина пред првиот удар рекол дека „мајка му била силувана од муслимани“.
„После коментарот за муслиманите, и пристапивте и ја удривте во главата 14 пати“, му рече денес обвинителот Тим Кеди на Лозина, кој од претходно и бил познат на полицијата поради напад и нанесување на телесни повреди.
Засега му е одреден еден месец притвор без можност за излегување со кауција. За среќа, нападнатата жена веќе е пуштена од болницата, пренесува Дејли Меил.
Предупредување, снимката е вознемирувачка.