Рочиштето треба да продолжи на 18 мај, но може да се одложи
Адвокатите на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ќе побараат од британскиот суд да му одобри кауција за да се брани од слобода, тврдејќи дека тој е во опасност да биде заразен со коронавирус во затворот.
Кампањата „Не предавајте го Асанж“ објави дека адвокатите ќе го предупредат судот дека затворите би можеле да станат „епицентри за ширење на„ Ковид-19 “заради пренатрупаност и тенденција на вирусот да се шири во затворено.Масимо Морати, заменик-директор за истражување на Европската канцеларија на “Амнести интернешнал”, вели дека судот мора внимателно да ги разгледа барањата на адвокатите на Асанж .
На 27 февруари, кралскиот суд во Лондон го одложи разгледувањето на барањето на САД за екстрадиција на Асанж. Рочиштето треба да продолжи на 18 мај, но може да биде одложено поради пандемијата на коронавирус, пренесува Фена.
Министерството за правда на САД соопшти дека го обвинила австралискиот државјанин Асанж (48) дека соработувал со поранешниот аналитичар на воено разузнавање Челси Менинг за незаконско објавување на класифицирани документи од САД во 2010 година.
Адвокатите на Асанж тврдат дека неговата екстрадиција треба да биде блокирана според британскиот закон, бидејќи Вашингтон го гони од „политички причини“.