По вчерашната куељовска изјава на алхемичарот Манчевски ,,Ако нема избори на 21 јуни, тогаш мора да се продолжи вонредната состојба”, денес на социјалните медиуми имаше лавина на критики и одговори на неговата ,,повуци ме и потегни” мудрост.
-“Ако нема избори на 21 Јуни, вонредната состојба ќе продолжи”. Дамјан Манчевски се пројавил во фашистички манир со едно ‘ако нема, ќе има”. Дрско, арогантно и индолентно ( да не речам детско, распекмезено) условување од позиција на моќ и ни се може. Класична уцена. Ако не биде ние како што сакаме и кога сакаме, ќе ве малтретираме со полициски час кога и колку ќе ни ќефне. Коронавирусот е мачја кашлица во споредба со овој политички вирус кој ја опустоши Македонија и тоа веќе, речиси на сите ни е јасно. Она што не можам да го сфатам е кој е тој “вирус”што не држи пасивни а толку незадоволни и гневни од се” што на општествено -политички, економско -социјален , историско – културен ..план ни се случува, а овие ги преминуваат сите мерки како да пекаат народ да им се случи.
-Ако немало избори сега ќе морало да се продолжи вонредната состојба?!?! Демек ако има избори нема да има вирус. А ако нема избори ќе има вирус. По казна.
А бре мочко еден ретардиран: Економијата ни‘ е колабирана, а средните и малите претпријатија се пред згаснување. Луѓе остануваат без работа а и дури да се „олабават“ мерките, тие се повторно престроги за голем дел на угостителски објекти, кои веќе губат надеж за нивно опоравување.
Кој си ти (вие) да уценуваш? И за што? За вирус кој не е ништо поопасен од вирус на сезонски грип? И додека сите соседни земји влегуваат полека во нормален ритам на живот и работа, вие ли ќе не‘ држите нас како заложници заради ваши интереси? Да не е државата од татка ти стоката или народот од деда ти наследството? Од кај ви е правото така да се однесувате и на кого таква сила покажувате? На цел народ?
Не само што ќе ве снема од власт и од политиката наскоро, туку и ќе останете запаметени и како најомразена политичарска багра во историјата на Македонија. И вие што глумите власт, и колаборационистите на чело со Мицко што глумат патриоти и молчат на сево ова како пи*ки под кошули. И поколенијата ќе ви ги мразат.
Багро !!!