Актерката Силвија Стојановска во 30 дневен куќен притвор
Актерката Силвија Стојановска и лицето В.Б. кое заедно со неа било донесено пред судија на претходна постапка се сомничат за шверц на кокаин, а како што дознава Локално, се работи за седумстотини килограми од Шпанија.
Според информациите до кои дојдовме, вмешан бил и братот на В.Б., кој живее во Мадрид.
Судијата на претходна постапка на Стојановска и определи триесетдневен домашен притвор како мерка за претпазливост, додека пак за В.Б. бил определен триесетдневен притвор.
Стојановска и другиот осомничен за шверц на кокаин доцна попладнево беа однесени во Кривичниот суд, каде давале исказ, по што судијата ги определил мерките за претпазливост.