Регион

Албанија протера двајца ирански дипломати

Албанија протера двајца ирански дипломати

Министерството за надворешни работи на Албанија протера двајца ирански дипломати за наводни активности „во спротивност со нивниот статус“.

Министерството соопшти дека дипломатите Мохамад Али Арц Пејманемати и Сејад Ахмад Хосеини Аласт се прогласени за непожелни и „побарале“ од нив веднаш да ја напуштат Албанија.

Албанија исто така избрка двајца ирански дипломати во декември 2018 година за „прекршување на дипломатскиот статус“ поради вклучување во наводни незаконски активности што ја загрозуваат безбедноста на земјата.

Околу 2.500 припадници на иранската опозициска група Муџахидин-е-Калк, кои дојдоа во Албанија од Ирак, живеат во Албанија, пренесува АП.

Related posts

Leave a Comment