Свет

Александар Дугин: „Помирете се со фактот дека сè оди според плановите на Москва“

„Сите ние се плашиме од употреба на атомска бомба. Тоа е единствениот вистински проблем, дури и за нас. Се зависи од САД. Ако Вашингтон се ограничи на санкции, политички притисок и економска поддршка за Украина, накратко, ако Западот индиректно го поддржи Киев со сите негови легитимни акции, ништо нема да се случи. 

Но, доколку дојде до директен напад на НАТО пактот, тогаш Русија ќе одговори со симетрични средства. Ако се чувствуваме загрозени на нашата територија, ќе користиме нуклеарно оружје. Инвазија на Украина? Тоа е воена операција. Путин одлично ги објасни целите, а тие се две. Прво, да се денацизира земја чија влада не само што ги толерираше, туку и ги поддржуваше неонацистичките групи за зајакнување на украинскиот националистички идентитет заснован на омраза кон Русите. Овој вештачки идентитет беше создаден преку идеологија која Западот се правеше дека не ја гледа. затоа што омразата кон Русите е поважна од омразата кон нацистите. Второ, целта е да се промени политичкиот режим во Киев за Украина да се врати во руската политичка, воена и стратешка сфера“, рече Александар Дугин, руски интелектуалец и еден од идеолозите на евроазиството, погрешно претставен како „сива еминенција на Кремљ“, каде што нема влијание.

Но, овде тој разумно предупреди, зборувајќи за италијанскиот весник Il Giornale  , дека сегашната воена операција не е војна против НАТО пактот, туку операција за одбрана на област од витален интерес за Русија, која долго време индиректно е окупирана од Западните сили во моментите на слабост на Москва. Зарем војната не изгледа добро за Владимир Путин?

“Не мислам така. Путин знаеше дека Украина има голема армија и дека нема да биде лесно да се преземе контролата врз земја со 40 милиони жители. Затоа се проширува работата на терен. Не е лесно да се победи армија од 600.000 војници, која на своја страна ја има поддршката и пропагандата на целиот Запад. Никој овде не веруваше во брза победа.

Во меѓувреме, Русија доби целосна контрола над небото и иницијативата. Војната ќе продолжи, но руската армија ќе победи. За Путин нема неочекуван елемент во оваа војна. А ситуацијата во Москва? Сè е многу тивко. Населението целосно го поддржува Путин. Нема вистинска опозиција. И не толку затоа што има цензура против оние кои ги критикуваат воените операции во Украина, туку затоа што рускиот народ е навистина солидарен со претседателот. Руското јавно мислење е јасно за целите на Путин и е подготвено на се, бидејќи разбира дека притисокот на НАТО врз нашите граници е неприфатлив. Дали гледаме апсења и протести во Москва во весниците и на телевизија? Јас живеам во центарот на Москва. Нема кој да протестира, освен многу мали групи или поединци, кои не се ни поврзани едни со други. Перцепцијата за внатрешен протест е резултат на дезинформации од западните медиуми. На нив се прикажани фотографии од настани од минатото, во различни контексти, а тоа е претставено како „опозиција на режимот“, додаде Дугин.

Дали аналитичарите велат дека Путин е болен, не многу луциден, одвоен од реалноста?

„Моделите на дезинформации се секогаш исти во вакви случаи. Треба да се турка идејата дека непожелниот политички лидер е луд, болен и повеќе не ја контролира ситуацијата. Наместо тоа, Путин е здрав, луциден и многу силен и никогаш не бил подобар“, одговори Александар Дугин.

„Што сепак се случува во Украина? За да се разбере ова, потребно е да се вратиме на причините и да го прочитаме распадот на СССР во контекст кој не е само идеолошки, туку и геополитички. И ако геополитиката е наука која светот го смета за бојно поле меѓу поморската и копнената моќ, во таа смисла крајот на СССР беше победа на поморската моќ и колапс на копнената моќ.

По 1989 година, Русија ја загуби контролата над своите зони на контрола на Запад. И Западот доби влијание во тој вакуум, што беше последица на слабоста на копнената моќ. Варшавскиот пакт беше распуштен, НАТО се зајакна, а Украина остана на средината. Кога се одвои од Русија и стана независна, постепено се приближуваше кон НАТО. Но, таа можеше да го стори тоа затоа што во 90-тите, под Горбачов, а потоа и Елцин, Русија беше слаба. Но, кога се врати, повторно силно, со Путин, постојаниот притисок на НАТО врз нашите граници, што е нешто што никој не може да го негира, веќе не беше прифатливо. Путин стана посилен и со поразвиена геополитичка свест. И така силите се сменија. Тој одговори на неподносливата ситуација, прво во Грузија, потоа на Крим, па во Донбас, каде што украинската армија беше постојана закана. Населението беше бомбардирано, а цивилите беа убивани.

Останатото дојде природно. Апелот на Русија да ја задржи Украина надвор од сферата на влијание на Западот беше одбиен и имаше војна. Да, во моите книги разликувам лунарен Путин и сончев Путин. Соларен Путин е Путин од Голема Евроазија, патриот и суверен Путин, човек кој раскинува со западната постмодерност, против глобализацијата. Лунарен Путин е тој што прави компромиси со Западот, Светската трговска организација, Давос и атлантистичката либерална елита. Каков е Путин денес? Хиперсоларен“, заклучува Дугин,

Затоа, сè додека НАТО не влезе директно во конфликтот во Украина, но официјално и без да се крие зад воено-техничката соработка, со испраќање помош и десетици илјади доброволци, со кои Русија може да се справи, контролира и потисне, ќе нема Трета светска војна и нуклеарна апокалипса. Раскинување со западниот свет, да. „Западните партнери“ се минато и ќе биде потребно време и радикални промени во однесувањето пред тие повторно да станат такви. А ако не сакаат, светот е голем, а тој „колективен запад“ сочинува едвај 15% од светската популација.

Related posts

Leave a Comment