Свет

Александар Лукашенко : „Подготвен сум да ја преземам контролата врз украинско-руската граница“

 

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека е подготвен да испрати мировници во Донбас и да ја преземе контролата врз украинско-руската граница.

„Ако има желба да влеземе и да ја затвориме границата од 400 км што ги дели Украина и Русија, што Киев во моментот не ги контролира, ние ќе го сториме тоа“, рече тој, пренесува Спутник.

Лукашенко исто така истакна дека конфликтот на југоистокот на Украина е голем проблем за него, но дека тој е подготвен да воведе „мировници, граничари, војници, што сакате.“

„Ние сме подготвени да го затвориме тој дел од границата, ако двете страни се согласат“, додаде белорускиот претседател.

Лукашенко исто така рече дека се придржува кон принципите на обединета и неделива Украина и дека Минск ќе продолжи да дава максимална поддршка за решавање на конфликтот Донбас.

 

Related posts

Leave a Comment