Свет

АЛЕКС АЗАР : КОРУМПИРАНОСТА НА СЗО ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ЧИНЕШЕ МНОГУ ЖИВОТИ

HHS Secretary Azar: From day one this is what we predicted - CNN Video

ЖЕНЕВА – Американскиот министер за здравство Алекс Азар изјави денеска дека „неуспехот“ на Светската здравствена организација (СЗО) во борбата против пандемијата на коронавирус чинела „голем број животи“.

„Да бидеме искрени за една од главните причини зошто епидемијата излезе од контрола: оваа организација не успеа да ги пружи потребните информации кои му беа потребни на светот и нејзиниот неуспех чинеше многу животи“, рече американскиот претставник на годишната средба на СЗО.

Азар исто така рече дека „функционирањето на СЗО мора да биде транспарентно“ и дека Соединетите држави поддржуваат „независна истрага за секој аспект на одговорот на СЗО на пандемијата“.

Вашингтон, кој го обвинува Пекинг за прикривање на обемот на епидемијата, смета дека СЗО се водела од позицијата на Кина во управувањето со пандемијата и дека ги игнорирала предупредувањата на Тајван за опасноста од вирусот корона што се појави во Кина на крајот на декември 2019 година. Затоа Соединетите држави го прекинаа финансирањето на оваа организација, која ги отфрли сите обвинувања.

Без конкретно да ја спомене Кина, Азар рече дека „во очигледен обид за прикривање на епидемијата, барем еден од членовите на (СЗО) не се придржуваше кон своите обврски за транспарентност и тоа многу го чинеше целиот свет“, рече Азар.

„Заклучуваме дека СЗО не успеа во својата основна мисија за споделување информации и транспарентност кога земјите членки не постапуваат со добра волја. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи. Овој статус кво е неподнослив “, истакна американскиот официјален претставник.

И покрај тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг, земјите се надеваат дека ќе ја усвојат резолуцијата, поднесена од страна на Европската унија, со консензус. Резолуцијата повикува на почеток на процесот на проценка што е можно поскоро, со цел да се испита меѓународниот здравствен одговор и мерките на СЗО во борбата против пандемијата.

Related posts

Leave a Comment