Свет

АЛЖИР БАРА ЧЛЕНСТВО ВО БРИКС: Италија во паника дека останува без гас

Algeria talks of joining Russia-linked BRICS group

ВЕСТА дека Алжир има намера да се приклучи на земјите од БРИКС во Италија изненади многумина.Тоа беше оценето како „руско влијание врз Алжир“, што може да доведе до неочекувана криза, поради неодамна потпишаниот договор за набавка на гас што би ја спасил Италија од вистинска катаклизма. Бидејќи на Апенинскиот полуостров му недостигаат 40 отсто од вкупната потрошувачка на гас, кој претходно се увезуваше од Русија.

Поранешниот премиер Марио Драги замина во Алжир ден откако поднесе оставка поради веќе закажаното потпишување на договорот за набавка на четири милијарди кубни метри гас. Со овој договор, како и со договорот со Азербејџан, Ангола, Конго, Египет и Мозамбик, депонирани се 72 отсто од потребните количини гас. Алжир требаше да стане главен снабдувач на гас за Италија, наесен ќе достигне 90 отсто од потребните количини, па „ќе се осамостои од увозот на руски гас“, и ќе ја преживее зимата. Сега, потегот на Алжир и евентуалниот влез во БРИКС може многу добро да ги „измеша картите“ и да влијае на стабилноста на испораките на алжирски гас за Италија.

Ова е поврзано со неодамна објавената вест од самитот на БРИКС дека Турција, Египет и Саудиска Арабија се очекува наскоро да станат членки на БРИКС. Во едно неодамнешно интервју, претседателот на БРИКС Пурнима Ананд од Индија потврди дека Кина, Русија и Индија веќе разговарале за проширување на земјите-членки на БРИКС. И претседателот на Алжир, Абделмаџид Тебун, изјави дека Алжир е многу заинтересиран да се приклучи на Групата, бидејќи не се работи само за „економска, но и политичка сила“. Така Алжир ќе ги зајакне врските со Москва и Пекинг, нејзините најважни партнери.

На последниот состанок Кина ја повика Групацијата да го започне „процесот на проширување“ и да ги прифати како нови членки земјите кои се повеќе ги зајакнуваат своите економии. Во исто време, тоа ќе биде „ракавица во лице“ на Западот и американската хегемонија на Индо-Пацификот и на Блискиот Исток. Затоа што БРИКС стана знаме на геополитички предизвик за Вашингтон и неговите сојузници. Како што изјави Ананд, Египет, Саудиска Арабија и Турција можат да се приклучат на БРИКС во различни периоди, но насоката е важна.

За потсетување, земјите-членки на БРИКС претставуваат 40 отсто од светското население, со 25 отсто од бруто домашниот производ. Сега, предизвикот на Кина кон Западот и стравот на Москва да биде меѓународно изолирана поради војната во Украина се чини дека го забрзаа проширувањето на БРИКС, која лесно може да стане организација против Г7.

Related posts

Leave a Comment