Свет

Амбасадор на Малта : Меркел го оствари сонот на Хитлер да владее со Европа

Амбасадорот на Малта во Финска, Михаелл Замит Табона, си поднесе оставка откако на Фејсбук ја спореди германската канцеларка Ангела Меркел со диктаторот Адолф Хитлер. Дипломатот напиша на споменатата социјална мрежа во петокот: „Ние го запревме Хитлер пред 75 години. Кој ќе ја запре Ангела Меркел? Таа го исполни сонот на Хитлер! Таа ја контролира Европа

Овој бизнисмен со искуство во хотелски бизнис стана амбасадор на неговата земја во Финска во 2014 година. Тој во неделата поднесе оставка по притисокот од малтешките медиуми, а министерот за надворешни работи на земјата, Еварист Бартоло, се обиде да ги испегла односите со Германија.

И лидерот на опозицијата, Адријан Делија, исто така, се приклучи кон осудата на наводно многу радикалниот пост на Табона на Фејсбук. Тој додаде дека Германија отсекогаш ја поддржувала Малта и ја опиша таа земја како извор на стабилност на Стариот континент.

Според Дојче веле (ДВ), двете држави исто така имаат одредени разлики во нивните политики, како што е мигрантската политика на Европската унија т.е долгот на еврозоната.

Ова не е првпат оние што не се согласуваат со политиката на Ангела Меркел, да ја споредуваат оваај центристичка политичарка со нацистичкиот диктатор, а можеби најпознати по ова беа грчките демонстранти од екстремната левица.

Related posts

Leave a Comment