Свет

Американската војска не го напушта Ирак, писмото за повлекување „лошо срочено“

Image result for mark esper

Шефот на Пентагон, Марк Еспер изјави дека САД немаат намера да ги повлечат своите трупи од Ирак, одговарајќи на наводите на Ројтерс кои цитираа наводно писмо за повлекување на американската војска.

Одговарајќи на прашање во врска со наводното писмо од американската војска во кое се наведени плановите за повлекување на трупите, Еспер рече дека не постои одлука да се напушти Ирак.

Тој посочи дека дури нема ни планови за  напуштање на Ирак.

Според него, Вашингтон сè уште е посветен на борбата против Исламската држава во Ирак, заедно со своите сојузници и партнери.

Во меѓувреме, високиот американски генерал Марк Мајли потврди дека никогаш немало план за повлекување, туку дека станува збор за „слабо подготвен документ“.

„Целта на документот беше да се потенцира зголемената подвижност на војската во Ирак“, додаде генералот Мајли.

„Ројтерс“ претходно објави дека американската војска во писмо најавила репроценување на силите во Ирак во наредните денови и недели, што е потврдено од ирачки воен извор до британската агенција.

Во писмото се наведува дека евакуацијата ќе биде извршена од хеликоптери и дека ќе има чести летови до Меѓународната зона на Багдад во текот на следниот период.

Меѓународната зона е формалното име за „зелената зона“ – делот на ирачката престолнина каде се сместени владините згради и странските амбасади.

Ирачкиот парламент побара заминување на американските трупи од Ирак по убиството на иранскиот генерал Касем Солејмани во нападот на САД во Багдад  .

Related posts

Leave a Comment