Американските сили ја бомбардираа и уништија сопствената база во провинцијата Ел Хасака, по повлекувањето на силите од северниот регион на Сирија, пренесува Reuters.
Според сириската национална агенција САНА, се работи за базата „Клејб“.
Базата се наоѓа во близина на градот Тел Тамар, каде моментно се водат борби меѓу турските сили и курдските единици.
САНА тврди дека американската војска наскоро ќе напушти уште една база, исто така во провинцијата Ел Хасака, во близина на браната Ел Сабе.
Минатата недела американската коалиција бомбардираше и уништи сопствено складиште за муниција, по повлекувањето на своите трупи од северна Сирија.