Свет

Американските трупи напуштаат две бази во Сирија и се движат во правец на Ирак

Американската војска напушти две бази во северо-источна Сирија и се упати во правец на Ирак, јави државната агенција Сана. Наводно, околу 40 камиони со воена опрема ја напуштиле базата Хораб Џаир во провинцијата Хасек и се упатиле кон границата со Ирак.
Во исто време, 50 камиони со воена опрема ја напуштиле базата лоцирана во градот Шадади и исто така се движат кон границата со Ирак. Сириската агенција посочува дека голем број камиони пристигнале во базата во Шадада од југоисточна Сирија, од провинцијата Деир ел Зор.
Овие чекори се вели дека се „подготовка за конечно повлекување на окупаторските сили“, но не се наведуваат изворите на таквите информации.
На 8 јануари иранската војска започна ракетен напад врз американските објекти во Ирак . Чуварите на исламската револуција (елитниот одред на иранската армија) ја нарекоа оваа операција „маченик Сулејмани“.
Некои медиуми објавија извештаи за голема материјална штета. Според иранската телевизија Прес, во ракетните напад загинале 80 лица.

Related posts

Leave a Comment