Засега нема значително зголемување на нови случаи на инфекција со коронавирус на места каде што се укинуваат ограничувањата, но е забележано во некои области каде што мерките остануваат во сила, рече американскиот министер за здравство Алекс Азар.
„Не гледам големо зголемување на случаите на инфекција на местата што се отвораат“, рече министерот за здравство на САД , Алекс Азар во емисијата на Си-Ен-Ен“ State of the Union, денес.
„Сè уште гледаме големо зголемување во некои области кои, всушност, се речиси изразено затворени“, додаде тој.
Тој истакна дека одлуките за укинување на ограничувањата треба да ги донесуваат пониски инстанци, а не сојузната влада.
„Дел од слободата што ја имаме во Америка“
“Ова се многу локализирани одлуки. Нема единствено решение кога станува збор за отворањето, но ние треба да се отвориме повторно, бидејќи овде не станува збор за здравје наспроти економија”, рече Азар, додавајќи дека ќе има сериозни здравствени последици ако не се случи отворањето.
На прашањето за собирање на луѓето близу баровите и општото собирање на луѓе во одредени делови од земјата, тој одговори дека тоа е цената на слободата.
„Мислам дека во секој поединечен случај ќе видите луѓе кои прават работи што се неодговорни. Тоа е дел од слободата што ја имаме тука во Америка“, заклучи Азар за Си-Ен-Ен.