Застрашувачките тврдења на американскиот новинар не се првпат од почетокот на корона вирусот од негова страна, но сега неговите зборови делумно се поклопуваат со она што го кажа познатиот руски политичар …
Пред точно една година, починатиот лидер на Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР), Владимир Жириновски , за време на предавање пред студентите на Московскиот државен универзитет Ломоносов рече дека короната е вештачки вирус и дека е„ донесена во Кина од европски војници во летото 2019 година .“ а сега има шокантни шпекулации за поврзаноста помеѓу биолабораториите во Украина и појавата на короната во Вухан!
Американскиот новинар и теоретичар на заговор Џон Веб, кој моментално е во Украина и го истражува потеклото на корона вирусот, деновиве потсети дека пред 2 години тврдел дека ковид можел да биде донесен во Кина за време на летните воени игри, но од Украина. поточно од украински биолаборатории!
Дополнително, тој вели дека Азовстал би можел да биде точката од која започнала инфекцијата, но за ова тврдење не даде никаков доказ, наведувајќи дека наскоро ќе изнесе некои информации.
На веб-страницата беше наведено дека еден висок член на Азов „најверојатно“ го донел корона вирусот на воените игри во Вухан во октомври 2019 година. Во 2020 година, овој американски новинар зборуваше за вмешаноста на лидерите на Азов во ширењето на вирусот во Африка (?!), а истата година CNN го нарече „плоден 59-годишен американски трговец со дезинформации“ по повод неговите говори поврзани со потеклото на корона пандемијата.
Alternative media slowly catches to up to the US State Department running biolabs in Ukraine under the Defense Threat Reduction Agency – DTRA. We said Kolomoisky was spraying these pathogens in Africa two years ago in March 2020. We showed CNN the evidence, and they ignore it. pic.twitter.com/vU600Q5tIH
— George Webb – Investigative Journalist (@RealGeorgeWebb1) March 5, 2022
Да потсетиме, покојниот Жириновски тврдеше дека неколку офицери и војници намерно биле заразени со вирусот, по што пристигнале во Вухан, од каде заразата почнала да се шири.
„Некои од офицерите или војниците од Европа беа намерно заразени пред да дојдат во Вухан на Светските летни воени игри во 2019 година. Имаше воен персонал од целиот свет. Таму беа заразени и Кинезите“, рече Жириновски.