Свет

Америка се заканува: Ќе и одговориме на Русија

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен изјави денес дека Соединетите држави ќе одговорат на „несовесните или агресивни активности на Русија“.

Блинкен за Би-Би-Си по состанокот на Г7 изјави дека Вашингтон се фокусира на активности како што се лекување на опозицискиот лидер Алексеј Навални, хакерски напади и мешање во изборите во САД.

Тој, сепак, додаде дека САД претпочитаат стабилни и предвидливи односи со Русија.Претседателот на САД, Џо Бајден, во февруари рече дека на рускиот колега Владимир Путин јасно му ставил до знаење дека „завршија деновите кога САД преминуваа преку агресивните активности на Русија“, потсетува Би-Би-Си

Related posts

Leave a Comment