Претседателот на групата за американско-словенско пријателство во Претставничкиот дом на САД, Пол Госар, изрази надеж дека Љубљaна, која го презеде претседателството со Советот на Европската унија, ќе се бори против „влијанието“ на Москва и Пекинг, Известува телевизијата РТ.
Обраќајќи се на Конгресот на САД, американскиот политичар потсети дека на 1 јули Словенија го презеде претседателството со Советот на ЕУ – едно од главните тела на асоцијацијата за интеграција што носи одлуки во Европа.
Според Госар, републиканец и близок до политиките на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, тоа се случило во прилично тежок период и за ЕУ и за целиот свет.
„Под водство на Словенија, Европа ќе работи на борба против пандемијата на корона вирусот, ќе ја надомести економската и социјалната штета предизвикана од вирусот, а исто така ќе се осврне и на актуелните и клучните прашања со кои се соочува ЕУ и САД – спротивставување на кинеското и руското влијание, зајакнување на сајбер безбедноста и развој на економскиот пат за во иднина “, рече американскиот конгресмен.
Според него, во претседателската програма на Словенија се наведува дека земјата е подготвена, меѓу другото, да реши уште една „ задача без преседан “ – „стратешки ќе го анализира зголемувањето на одржливоста на Европа во иднина“.
Претходно беше објавено дека Американската амбасада во Љубљана распиша отворен конкурс за доделување на 100.000 долари за развој на „културната соработка“ меѓу двете земји.
Да потсетиме, САД за 2021 година издвоија 290 милиони долари за борба против „руското влијание“.