Свет

Америка ја претвори Украина во бојно поле со Русија

Високи американски воени претставници ја испратија 101-та воздушно-десантна дивизија во Романија, на границата со Украина, од каде би можеле, во случај на напад врз НАТО, да се вклучат во конфликт со Русија, но рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов вели дека ваквиот потег предизвикал катастрофални последици.

Иако американските политичари, на чело со претседателот Џозеф Бајден, ја отфрлија можноста американската војска да се вклучи во конфликтот, Антонов за „Њузвик“ посочи дека Москва го привлекла вниманието на американските политичари дека „бравурозните изјави на американските воени команданти се неприфатливи.

Тој рече и дека Москва нема да стои со скрстени раце додека Пентагон не го поправи таквиот речник.

„Нема да толерираме ситуација кога воените закани растат на руските граници. Директното учество на американската војска во борбите би довело до катастрофални последици. Убеден сум дека натамошното влошување на ситуацијата не е во интерес на Вашингтон“, рече Антонов.

Антонов рече дека „Вашингтон се повеќе се вклучува во конфликтот во Украина, претворајќи ја украинската територија во бојно поле со Русија“.

„И покрај загриженоста на американската јавност и повиците на бројни претставници, не само републиканци, туку и демократи, американската администрација ја турка својата приказна“, додаде Антонов

Related posts

Leave a Comment