Македонија

Антикорупциска со став дека Заев не може да биде министер за финансии

 

 

Државната комисија за спречување корупција го известила Собранието дека премиерот Зоран Заев не може да ја извршува и функцијата министер за финансии. Од комисијата укажуваат на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси во кој се наведува дека службено лице е должно да внимава на судирот на интереси и да преземе мерки за негово одбегнување.

„Избрано или именувано лице за време на траење на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата на неспоивост на функцијата која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот или законите“, се наведува во соопштението на ДКСК.

Според соопштението, функцијата премиер и министер се неспојливи една со друга.

„Имено во случај кога претседателот на Владата на Република Северна Македонија би се избрал за министер за финансии ќе настане повреда на горецитираните одредби, при кои што Државната комисија ќе биде принудена да преземе конкретни мерки согласно нејзините надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси“, заклучува ДКСК.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ поради известувањето на ДКСК бараше одложување на денешната расправа во Собранието за третата точка од дневниот ред, односно за смена на владините функционери, но мнозинството пратеници не прифатија.

Related posts

Leave a Comment