Свет

Апокалиптични сцени: 11 милиони во карантин, дезинфекција на градот, грабење на храна, маски, маски, маски ВИДЕО

Фото: Танјуг / АП / Емили Ванг

Во Кина го затворија градот Вухан, жариште на смртоносна болест предизвикана од нов вид вирус корона.

На жителите на мултимилионскиот град  им се советува да не ја напуштаат територијата на Вухан, пренесува ТВ Стар.

Авионските летови се привремено прекинати , како и автобуските линиии, возовите, па дури и метрото. Градот започна со дезинфекција на улици, кои се мијат со специјален раствор.Во градот се поставени специјални шатори за да се изолираат заразените пациенти во случај на масовно ширење на болеста.

На Твитер беше објавен твит на кој се гледа дека жителите на Вухан се караат за храна во супермаркет пред да се затвори градот. Објавени се снимки на припадниците на војската и полицијата, кои, како и сите други граѓани, се под маски.

Според најновите податоци, повеќе од 570 луѓе се заразени со новиот коронарен вирус, додека бројот на смртни случаи се искачи на 25.

На 31 декември кинеските власти ја известија Светската здравствена организација за епидемија на непозната пневмонија во градот Вухан во централниот дел на земјата. Кинеските експерти утврдија на 7 јануари дека предизвикувачки агенс на болеста е вирусот 2019-nCoV.

Некои експерти веруваат дека новиот вирус не е толку опасен како САРС, кој однесе повеќе од 700 животи во 2012 година.

Засега нема лек за вирусот корона, чии симптоми се треска, отежнато дишење и кашлица, а може да предизвика и пневмонија.

Кинеските власти сè уште ја испитуваат причината за вирусот, иако потврдија дека епидемијата започнала на пазарот во Вухан со нелегални трансакции со диви животни.

CNN пишува дека е откриено дека изворот на новиот вирусна корона би можеле да бидат змии – кинеска кобра и кинески краит. 

Related posts

Leave a Comment