Македонија

Арсим Зеколи : Зошто Помпео а не Трамп упати честитка до ,,Граѓаните” по повод 8 септември

 

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи,отворено прашува зошто што македонскиот претседател Стево Пендаровски не доби директна честитка за 8 Септември од претседателот на САД, што не било случај во претходните години. Поранешниот претседател на Република Македонија,Ѓорѓи Иванов, добиваше директни честитки и од Барак Обама и од Доналд Трамп.Во честитката на Помпео стои: „Во име на Владата на САД, на народот на Северна Македонија му честитам 28 години независност“- се вели во честитката објавена од Стејт Департментот.

Арсим Зеколи по тој повод се огласи на социјалната мрежа Твитер и напиша:

„Можеби некој од советниците на Стевo ќе ни објасни зошто Обама и Трамп честитаа 8 Септември директно до Иванов, а годинава Помпео до граѓаните. Мора да е некое недоразбирање. Ќе објаснат советниците“ – пишува политичкиот аналитичар Зеколи.

 

Related posts

Leave a Comment