Македонија

Ахмети видно нервозен, разговараше со повишен тон а неколку пати и удри на масата(ВИДЕО)

 

По завршувањето на лидерската средба кај Пендаровски во Вила Водно, Лидерот на ДУИ Али Ахмети гостуваше во емисијата Клик Плус на Телевизија 21.

Иако вообичаено избегнува да се појавува во јавност, тој во своето гостување изгледаше многу нервозно, разговараше со повишен тон а неколку пати и удри на масата поради тоа што Албанците не биле обединети.

Видно бесен, Ахмети потенцираше дека му е срам да оди на средби со 6 албански партии кога Македонците доаѓаат со 2, една од власта и една од опозицијата.

Срам ми е да одам на средби со 6 различни албански делегации и да се викаме Албанци со образование, со факултет. Каков факултет имаме, какво образование имаме. Срамота е за Албанците 6 албански делегации, а само 2 македонски – една на власта и една на опозицијата. Доаѓа Беса со шестмина, затоа што не се веруваат едниот на другиот. Села со 3-4, Тачи со 2-3, Ахмети со 2-3, Острени со 2-3, ова е срамота. И ми велите дека јас сум ги навредил нив. Најдете ми го најмалиот доказ и ќе се тргнам, нема да ги понижам Албанците, нервозно објаснуваше Ахмети.

 

Related posts

Leave a Comment