Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети изјави дека изборите се најдобро решение, по недобивањето на датумот за започнување на преговорите. Според Ахмети, од недобивањето датум, не треба да се разочаруваме, туку да се организираме и да бидеме поуспешни во почнатите реформи.„Мислам дека најдоброто решение за земјата е да се оди на вонредни избори. Тука, не би сакал ние да се поставиме во улога на ловци на вина, затоа што е неприфатливо да прифатиш вина за која не си виновен. Република Северна Македонија е колатерална штета на самите разлики што ги има Европската унија и во овој случај Франција го искористи статутарното право на вето, затоа што самата Европска унија е во потрага по градење на нови ситуации за проширување и токму лидер на оваа идеја е Франција. Така што, недоделувањето датум го примија со жалење сите најголеми канцелари на Европа, тргнувајќи од госпоѓата Меркел, претставникот на Италија, на останатите земји“-изјави Ахмети.