Годишниот муслимански аџилак, попознат како Хаџ, кој привлекуваше до 2,5 милиони аџии во Мека пред пандемијата на коронавирусот, беше ограничен на 60.000 верници оваа година поради здравствени мерки на претпазливост и тоа само за саудиските државјани кои се вакцинирани и на возраст помеѓу 18 и 65 години.
Така беше случај и на првиот ден од Курбан Бајрам, кога верниците во Каба извршија симболично каменување на ѓаволот. Хаџот трае пет дена и завршува со празникот на жртвата или Курбан Бајрам, за време на четиридневното славење на кое се организираат заеднички молитви, социјални собири, ритуално колење на добиток и помагање на сиромашните – со споделување храна.