Македонија

Башановиќ награден уште една година како советник на Заев

Премиерот Зоран Заев летово ги продолжил договорите на четворица соработници од Србија на период од уште една година,велат извори од владината прес-служба.Токму еден од советнците деновиве е посочен како дел од аферата Рекет. Имено, за Зоран Башановиќ, во дел од српските медиуми беше објавено дека е лицето кај кого завршиле 1,5 милиони евра ,изнудени од Орце Камчев од страна на Боки 13.

Поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ и ексдиректорот на државната компанија за производство и за дистрибуција на струја во Србија ЕПС, Александар Обрадовиќ се надворешни соработници за економски прашања, човекот што ја водеше српската Агенција за приватизација, Љубомир Шубара му помага на премиерот околу финансиите, банкарството и околу инвестициите, додека како ИТ-експерт е ангажиран Владимир Цветковиќ.

Месечниот надоместок на Башановиќ е од 1.500 евра, додека Обрадовиќ, Цветковиќ и Шубара земаат по 1.200.

Related posts

Leave a Comment