Бајден истакна дека нема план да го повика рускиот претседател Владимир Путин да се обиде да ги реши тензиите и конфликтите. Повеќе од 7.000 нови руски војници пристигнаа на украинската граница, соопштија американските власти
Веруваме дека Русија ќе ја нападне Украина во следните неколку дена, изјави американскиот претседател Џо Бајден и покрај тврдењата на Кремљ дека ги повлекува своите воени сили. Според американски официјални лица, повеќе од 7.000 нови руски војници пристигнале на украинската граница .
– Нивото на закана за руската инвазија на Украина е високо – изјави Бајден за Си-Ен-Ен и објасни дека руските војници се уште се на границата, не ги повлекле, но ги има повеќе.
– Имаме причина да веруваме дека спроведоа лажна операција за да имаат изговор да ја нападнат Украина. „Секоја индикација што ја имаме е дека тие се подготвени да влезат и да ја нападнат Украина“, рече Бајден.
Бајден истакна дека нема план да го повика рускиот претседател Владимир Путин да се обиде да ги реши тензиите и конфликтите.