По повод обвинувањето на американскиот претседател Џо Бајден дека рускиот претседател Владимир Путин е воен злосторник, се огласи директорот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин и објави архивска снимка на која Бајден вели дека тој го наредил бомбардирањето на Белград во 1999 година. пренесува Риа Новости.
– Можеби Бајден треба да се потсети кој е воениот злосторник – напиша Рогозин на својот Телеграм канал со видео во кое Бајден признава дека предложил бомбардирање на Белград во 1999 година и испраќање американски воени авиони да ги рушат мостовите на Дунав.
– Кон крајот на својот живот, овој крвав старец мора да се потсети на своите злосторства, илјадниците цивили кои ги убил – заклучил Рогозин, пренесува руската агенција.
#Biden 1999#US-led #NATO Bombing of #Yugoslavia pic.twitter.com/ReZ9UIMuxX
— Malinka🔸Tanya P (@Malinka1102) March 16, 2022