Свет

Бајден побара од Конгресот 33 милијарди долари помош за Украина

Американскиот претседател побара од Конгресот што поскоро да ги одобри предложените мерки, бидејќи „поддршката за Украина не е евтина, но САД не можат да останат настрана“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска побара од Конгресот да одобри дополнителна финансиска помош за Украина во износ од 33 милијарди долари.

Барањето вклучува 20,4 милијарди долари побарани за воена и безбедносна помош, 8,5 милијарди долари за економска и 3 милијарди долари за хуманитарна помош.

Related posts

Leave a Comment