Во Белгија ќе започне вакцинацијата на децата на возраст од пет до 11 години, а експертите препорачаа децата кои се изложени на поголем ризик од компликации доколку се заразат со ковид, да се вакцинираат, пренесува АП, пренесува Танјуг.
Како што се наведува, децата од таа категорија ќе бидат поканети да ја примат вакцината пред крајот на месецот.
Минатиот месец Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се одобри употребата на вакцината Фајзер за деца на возраст од пет до 11 години.
Белгиската влада ги заостри правилата за училиштата и градинките со цел да спречи ново зголемување на бројот на случаи на коронавирус, одложени училишни празници, а децата на возраст од шест и постари мораа да почнат да носат маски, потсетува АП.