Тенис

Белградскиот Муфтија Јусуфспахиќ го поддржа Новак Ѓоковиќ: „Господ гледа се“

 

Јусуфспахиќ и Ѓоковиќ

 

Мустафа еф. Јусуфспахиќ, муфтијата на Белград му даде поддршка на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кому австралиските власти не му дозволија да влезе на територијата на таа земја и да игра на Австралија опен.

Муфтијата го поддржа Ѓоковиќ преку Твитер, а пораката беше многу кратка и јасна.

– Сведочам: Господ сè гледа – напиша Јусуфспахиќ, по што стави срце и на тој начин му даде поддршка на Ѓоковиќ кој минува низ еден од најнепријатните моменти во неговата богата кариера.

Новак Ѓоковиќ е запрен на аеродромот во Австралија бидејќи му е одбиена визата за влез во оваа земја.

 

 

 

Related posts

Leave a Comment