ХРОНИКА

Белград : Убиен водачот на навивачката група Алкатараз

Ubistvo Kića uviđaj Vračar

Белград – Љубомир Марковиќ, познат во јавноста како еден од водачите на навивачката група Алкатраз која е дел од  групацијата Гробари на ФК Партизан, беше убиен вечерва во Белград, јавуваат српските медиуми

Пукањето се случило на бензинска пумпа на улицата Грчиќ Миленко.

Белградските медиуми објавија дека Марковиќ, познат кај навивачите по прекарот Кича, бил погоден со шест куршуми.

Марковиќ беше дел од групата навивачи на Партизан кои беа осудени за убиството на Французинот Брус Татон во 2009 година.

Тој прво беше осуден на 30 години затвор, а потоа казната беше намалена на 13 години и два месеци, а во 2017 година беше ослободен од затвор со условна казна.

По ослободувањето од затвор, тој повторно беше виден на трибините на натпреварите на спортските клубови ЈСД Партизан, заедно со припадниците на групата на убиениот Александар Станковиќ.

Тој претходно беше близок со Милош Радисављевиќ Кими, но од враќањето на Марковиќ на трибините, тие биле на различни страни, односно во одделни „фракции“ на навивачите на Партизан.

Related posts

Leave a Comment