Свет

БЕРЛИН НА НОЗЕ ПРОТИВ КАРАНТИНОТ : ПОЛИЦИЈАТА УПОТРЕБИ ВОДЕНИ ТОПОВИ ПРОТИВ ДЕМОНСТРАНТИТЕ

Протести во Берлин

Германската полиција употреби водени топови против демонстрантите кои се собраа во центарот на Берлин во знак на протест против гласањето во парламентот за законот што треба да и овозможи на владата да го олесни воведувањето ограничувања во борбата против вирусот корона.

Според Ројтерс, неколку илјади луѓе се собрале во Берлин  удирајќи во шерпи и упатувајќи свирежи за време на протестот.

Претходно, берлинската полиција , со засилување од другите делови на земјата, блокираше пошироко подрачје околу најважните државни институции во Германија.

Членовите на Бундестагот најпрво ќе разговараат, а потоа ќе гласаат за законот, што ќе биде основа за воведување на рестриктивни мерки , кои вклучуваат задолжителна употреба на маски во јавноста.

Тие ќе одлучат за предлог-законот што ќе и овозможи на германската влада самостојно да воведе анти-епидемиски ограничувања, без собраниска процедура, според АП.

Владата ги забрани најавените протести пред Бундестагот од безбедносни причини, но собирите не беа забранети во другите делови на германскиот главен град.

Поставени се заштитни огради околу државните институции во случај демонстрантите да не ја почитуваат забраната за собири.

Голема група луѓе се собраа утрово пред Бранденбуршката порта, недалеку од зградата на парламентот, а само неколку собрани имаа заштитни маски и се придржуваа до пропишаната физичка оддалеченост.

Неодамнешните протести во Лајпциг предизвикаа хаос затоа што илјадници луѓе не ги почитуваа полициските наредби да се носат маски.

Иако повеќето Германци ги прифаќаат и почитуваат најновите мерки на владата, критичарите тврдат дека усвојувањето на новиот закон ќе и даде на германската влада премногу моќ и ќе ги загрози граѓанските права на Германците, бидејќи тие нема да бидат усвоени во Бундестагот, забележува Ројтерс.

 

Суверенистичката Алтернатива за Германија го спореди овој закон со Актот за одобрување (влада) од 1933 година, кој беше донесен од нацистичкиот режим на Хитлер, пренесе Танјуг.

 

Related posts

Leave a Comment