Свет

Берлин под солзавец – Полицијата се судри со граѓаните кои го бранеа правото на слобода (ВИДЕО / ФОТО)

Танјуг / Фотографија на АП / Маркус Шрајбер

Берлин – Бундестагот усвои спорен амандман на законот со кој на федералната влада на Ангела Меркел и се дава овластување да води поодлучна борба против третиот бран на пандемијата.

Измените и дополнувањата на законот за заштита од инфекција предвидуваат автоматска примена на строги ограничувања на национално ниво кога стапката на инфекција ја надминува утврдената граница.

Законот за еднаква примена на „сопирачките за итни случаи“ во области со високи стапки на инфекција треба да ги замени различните мерки што сега се применуваат во 16 сојузни држави, кои инаку се надлежни во областа на здравството.

Додека се гласаше за новите мерки, пред зградата на парламентот беа организирани масовни протести против ограничувачките мерки, чии учесници полицијата мораше да ги растера со солзавец.

Полицијата во Берлин фрлаше солзавец кон учесниците на собирот на противници на ограничувања за време на пандемијата, во близина на зградата на Парламентот, пренесува репортерот на агенцијата Франс Прес.

Полицијата претходно ги предупредуваше преку  звучниците насобраните илјадници демонстранти.

Според полициските извештаи, околу 8.000 демонстранти се собрале недалеку од зградата каде што се наоѓа Парламентот, а само некои од нив носеле заштитни маски.

Танјуг / Фотографија на АП / Маркус Шрајбер

Бундестагот ги усвои овие амандмани со 342 гласа за, 250 против и 64 воздржани. Горниот дом на парламентот, во кој се застапени федералните покраини, ќе го разгледа законот утре. Доколку биде одобрен во двата дома на парламентот, ќе се применува до крајот на јуни.

Законот предвидува воведување на полициски час од 22 до 5 часот наутро, затворање на спортски и забавни објекти и затворање на многу продавници. Мерките автоматски ќе се применуваат во областите каде што има повеќе од 100 нови случаи на инфекција на 100 000 жители неделно. Училиштата ќе мора да се префрлат на учење на далечина ако бројот на заразени на 100.000 жители надмине 165.

Денес, стапката на инфекција во цела Германија беше 160 нови случаи на 100.000 жители, иако има големи регионални разлики во таа земја.

Протестите беа организирани во време кога долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, одлучува за закон со кој на сојузната влада и се даваат поголеми овластувања во борбата против пандемијата на коронавирусите, на штета на провинциите, кои инаку се одговорни за здравјето.

Намерата е да се запре примената на различни мерки што беа донесени од 16 германски сојузни држави како одговор на пандемијата.

Танјуг / Фотографија на АП / Маркус Шрајбер

Танјуг / Фотографија на АП / Маркус Шрајбер

 

Танјуг / Фотографија на АП / Маркус Шрајбер

 

Related posts

Leave a Comment