Свет

БИБЕР-СПРЕЈ И ШОК БОМБИ: Канадската полиција употреби сила против демонстрантите во Отава

 

Канадската полиција денеска употреби бибер спреј и шок бомби во обид да го врати нормалниот живот во Отава, по неколкудневните протести поради владините мерки.

Откако во петокот отстрани дел од блокадата и уапси повеќе од 100 лица, полицијата утринава побрза да го растера главниот дел од демонстрантите пред Парламентот и Канцеларијата на канадскиот премиер и по тој повод изврши нови апсења. пренесува Ројтерс.

Полицијата насилно ги потисна демонстрантите во канадскиот главен град кој беше под опсада, преземајќи ја контролата врз камионите и расчистувајќи ги улиците пред парламентот, во срцето на протестот.

Десетици камиони се оддалечуваа под зголемен притисок, што ја зголеми надежта на властите дека ќе успеат да го запрат тринеделниот протест против мерките за ковид и владата на премиерот Џастин Трудо.

„Ве поканивме да се разотидете. Ви дадовме време да заминете. Бевме бавни и методични, а вие покажувавте агресија кон полицајците и коњите. „Ние одговараме на вашето однесување со вклучување шлемови и палки за наша безбедност“, се вели во пораката на полицијата до демонстрантите на Твитер, пренесува АП.

Еден полицаец е полесно повреден, но нема повредени демонстранти, изјави вршителот на должноста началник на полицијата Стив Бел.

Полицијата продолжува да работи на преземање контрола врз улиците на Отава, рече Бел, додавајќи дека ќе работат на тоа дење и ноќе додека не се заврши се.

Меѓу уапсените се и четворица водачи на демонстрантите, еден е пуштен со кауција, додека на другите им е одредена мерка притвор, се вели во соопштението на полицијата.

Отава е последното упориште на „Конвојот на слободата“, протестите и блокадите на камионџиите кои започнаа поради задолжителната вакцинација на возачите на камиони кои ја минуваат канадско-американската граница, а подоцна прераснаа во протест против сите мерки поради Ковид-19 и премиерот Џастин Трудо.

Related posts

Leave a Comment