Атентатот врз Сулеjмани, кој беше во дипломатска мисија во Ирак, беше фактички чин на агресија, ова е симболичен чин на агресија. (Да бев цинична речев дека можеа да му дадат виза и да го (само)убијат среде САД). Останува да се види дали ООН се вредни за сите пари кои се вложуваат во нивната администрација, и дали ќе се најде Генерален секретар или некој друг што ќе побара единствено логично решение: напуштање на седиштето во Њујорк!
Не можам да им се начудам на некои наши портали кои со три извичника (!!!) објавуваат дека иранските пратеници ги оквалификувале вооружените сили на САД за терористичка организација. Нема тука место за чудење, бидејќи тоа е вистината ОДАМНА – тоа е тој државен тероризам кој сите го премолчувате, пред кого мижите, и за кого издвојувате од буџетот и од оваа сиромаштија за да ги помага империјалните војни и терористички акции на Хегемонот. На Македонија не ѝ е место во НАТО, дури и Северна е за жалење ако мисли дека добила „гарантен лист“ и безбедносен чадор!,напиша професорката Билјана Ванковска на својот фб профил.