Колумни

БИЛ НИКОЛОВ : САД ЈА ПРИНУДУВААТ МАКЕДОНИЈА ДА ГО СМЕНИ ИМЕТО ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО – НАПАКОСТУВАЈЌИ И’ НА РУСИЈА

Related image

 

САД ЈА ПРИНУДУВААТ МАКЕДОНИЈА ДА ГО СМЕНИ ИМЕТО ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО – НАПАКОСТУВАЈЌИ И’ НА РУСИЈА


 

US Power

Републиканците станаа Демократи – маѓепсаниот круг на анти-македонската политика на САД

Открив зошто Републиканците станаа Демократи и зошто дозволуваат администрацијата на Обама уште да управува со Стејт Департментот. За инает на Русите. Колку и да се мразат двете партии меѓусебно, и двете повеќе ги мразат Русите. Инаетот владее со Вашингтон.

Крајната цел на надворешната политика на САД е да го прошири империјализмот на САД (додека ги игнорира светските критики за истото) и, како шлаг на тортата, да ги разбесни “лошите Руси”.

Новата стратегија (во која Македонија е играчка) е да се внесе Македонија во НАТО. Зошто да не се внесе земја на која тоа не и’ треба и која тоа не може да си го дозволи во непотребна организација која требаше да изумре заедно со Советскиот Сојуз, но која сепак постои само за да ги исполни горенаведените цели?

Бруталните несакани последици во овој случај (а секогаш ги има кога се работи за американската надворешна политика) е што Македонија е принудена да ги смени името, идентитетот, јазикот, етничката припадност и историјата за да му удоволи на својот најголем потчинител, Грција, за Грција да се откаже од своето вето и да и’ “допушти” на Македонија членство во НАТО.

Новото СЕ’ на Република Македонија би било “Северна Македонија” и “Северно-Македонци”, а ова, се разбира, ја менува самата дефиниција на “Македонец”. Се разбира, бришењето на името и идентитетот на една етничка група претставува геноцид и кршење на меѓународното право и конвенциите за човекови права, но ова нема да ги запре САД, самопрогласената и брутално иронична “најдобра демократија на светот”.

Тука не зборуваме само за бришење на Република Македонија. Западот, со својот безграничен расизам, ја распарчи целата Македонија во 1913 и им подели делови од неа на Србија/Југославија (делот кој сега е независна Република Македонија), на Бугарија, на Грција и, подоцна, на Албанија. Редефинирањето на нашата вековна националност им оди во прилог на сите наши потчинители и нивната стратешка цел – бришење на нашето постоење. Македонците насекаде, со меѓународна поддршка, кои се бореа против опресијата на Грција, Бугарија, Албанија и Србија сега се оставени на цедило (и се дозволува нашата народност на изумре) само затоа што на САД му е поважно НАТО од човечката пристојност и демократијата.

И да не заборавиме – САД го добиваат она што го посакуваат. И покрај отпорот, ако го има, од страна на меѓународната заедница.

Се разбира, едноставното решение да се задоволи опсесијата на САД со проширување на НАТО, а сепак да се ПОЧИТУВА правото на постоење на цел еден народ, е да се отстрани механизмот на вето од страна на само една земја во НАТО, нешто за што се залагаше дури и Џорџ Буш. Доналд Трамп, ќе дозволиш ли Џорџ Буш да биде твојот глас на разумот?

Ако, сепак, да се сменат правилата на НАТО е преголем напор за некомпетентната сегашна администрација на САД, САД лесно би можеле да побараат (односно да и’ наредат) на Грција да се воздржи од употребата на вето за потенцијална земја-членка на Алијансата.

Кога Доналд Трамп би обрнал внимание – на било што, веднаш би го запрел овој дебакл, не заради нешто друго, туку за да го спаси својот најдобар пријател/шеф Владимир Путин од поразот што НАТО прима уште една земја-членка.

Да не даде Господ (а Господ наводно ги чува Републиканците) Трамп да се однесува како вистински претседател и да воведе своја надворешна политика, на што повикував уште кога Трамп стана претседател во оваа редакциска статија во The Hill. Причините се повеќекратни и вклучуваат здрав разум, почитување на човековите права и меѓународното право, заштеда на милиони долари на даночните обврзници на САД преку понатамошно неимплементирање од влада на Македонија со која управува Сорос, и – инает, нешто што на Трамп би му одговарало исто како уште еден Биг Мек.

Но, бидејќи Трамп е неспособен и незаинтересиран да дејствува, можат ли Републиканците кои тврдат дека се неговиот “глас на разумот” (или, уште подобро, анонимниот Републиканец од Њу Јорк Тајмс кој тврди дека го држи Трамп на ланче) да спроведуваат СОПСТВЕНА надворешна политика и попатно да ја спасат земјата? Наспроти типичната надворешна политика на САД на која уништувањето земји и’ е крајна цел?

Се прашував кога Демократите станаа Републиканци во оваа редакциска статија во The Hill, кога ја нападнав нивната надворешна политика на странски интервенционизам која ја уништува Македонија. Но сега, иронично, Републиканците ја поддржуваат и спроведуваат оваа Демократска политика налик на Републиканска. Ако од ова не ви се сврте…

Ова е маѓепсаниот круг кој ја движи надворешната политика на САД. Македонија е заглавена во него и се врти во кругови како на рингишпил. Но наместо да се чека на Трамп или на кој било американски политичар да развие совест и да дејствува, маѓепсаниот круг ќе заврши кога нештата во него ќе престанат да се движат. Македонијо – ЗАПРИ. Престани да си дозволуваш да бидеш пион во нездравата игра “Ризик” на САД. Но, овој случај, како што објаснив и во “Играта Македонија”, играта и’ припаѓа на Македонија и таа може да престане да игра во кој било момент.

Па, македонски политичари, ќе почнете ли конечно да ја браните Македонија, човековите права и здравиот разум, и ќе ја запрете ли веќе оваа катастрофа со промена на името? Одбранете се себеси и светот ќе ве брани, наместо да бидете уште едно американско чергиче за нозе и да живеете во епизода на американската серија “Сајнфелд”, во која еден бесен Украинец им вика на Крејмер и Њуман: “Мислите дека Украина е слаба? Украина ви е вам игра?!” Заменете ја “Украина” со “Македонија” и видете како “Сајнфелд” погодува во центар.

И на крај, една последна референца на “Сајнфелд” (ликот требаше да биде претседател). Дали Републиканската партија ќе го стори тоа што треба и, чисто од инает, ќе се врати на политика на Стејт Департментот која не е анти-македонска?

Бил Николов, претседател
Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права

Related posts

Leave a Comment