Свет

Блинкен ја повика Русија да ја повлече својата војска од руска територија

 

Blinken to return to Brussels for talks on Ukraine, Afghanistan –  EURACTIV.com

 

ВАШИНГТОН – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја повика Русија „итно да ја деескалира“ ситуацијата и да ги повлече војниците и опремата од границите на Украина, соопшти Стејт департментот.

Блинкен рече дека САД се подготвени да продолжат со „суштинската размена“ на позиции со Русија во однос на меѓусебните безбедносни грижи, додаде Стејт департментот, пренесува Ројтерс.

На крајот на минатата година Москва испрати предлози до САД и НАТО за безбедносни гаранции, кои вклучуваат натамошно непроширување на НАТО на исток, како и фактот дека Украина нема да влезе во Алијансата.

САД и НАТО на 26 јануари доставија писмени одговори, а Москва најави дека ги разгледува тие одговори, наведувајќи дека САД и НАТО не одговориле на главното прашање – непроширување на НАТО на исток, пренесува Танјуг.

Западот ја обвинува Русија дека подготвува напад врз Украина, додека Москва категорично ги отфрла тие тврдења.

Related posts

Leave a Comment