Според информациите од македонската делегација овде во Брисел, по дефинитивниот крах со недобивањето на датум за преговори со Европската унија, премиерот Зоран Заев им соопштил дека дефинитивно поднесува оставка од местото претседател на Владата и дека за тоа го известил и партиското раководство на СДСМ. Наводно, Заев им најавил на сопартијците дека оваа негова одлука е конечна, но дека планира да остане на чело на социјал-демократите.
Во исто време, членови на владината делегација во Брисел потврдуваат дека бугарскиот премиер Бојко Борисов, синоќа до доцна во вечерта го уведувал Заев да не дава оставка, бидејќи знае дека само со него ќе избоксува историските Комисии на двете земји да ја бугаризираат целокупната македонска историја пред 1991 година.
Во неговото убедување на Заев, Борисов дури и му открил зошто францускиот претседател Макрон не дозволил Македонија да почне преговори со ЕУ:
– Макрон одигра за Русија, бидејќи неговиот љубовник е од Бугарија и е руски играч – го тешел Борисов својот македонски колега Заев.
Во исто време и МНР Никола Димитров најавил оставка во понеделник, која за него ќе биде трета по ред откако дојде на чело на македонската дипломатија.
Димитров двапати веќе даваше оставки (по неуспехот со името “Илинденска” и по неуспешниот референдум), но од Калето го му наредија да остане, па дури и мораа да фалсификуваат деловодни книги во МНР, да менуваат бројчиња, оти ги имал депонирано оставките и во МНР!
И така…
ФБ Статус на Бобан Нонковиќ